• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Столтенберг во дводневна официјална посета на Македонија

Столтенберг во дводневна официјална посета на Македонија

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, денеска во дводневна официјална посета на Република Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба.

Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар Столтенберг ќе слета вечер на аеродромот во Скопје, а ќе го пречека министерката Шекеринска. 

Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. сст/са/08:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ