• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Османи - Аселборн: Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината

Османи - Аселборн: Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, во Скопје престојува пред еден од најголемите, најважните и најкомплексните предизвици на Република Македонија, а тоа е претстојниот референдум на 30 септември и имплементација на Договорот од Преспа што беше непремостлива бариера за членството во ЕУ и НАТО, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по средбата со шефот на дипломатијата на Луксембург. 

- Неговото присуство ќе значи мотивација, охрабрување на сите граѓани на Република Македонија дека Европската унија е тука и нашите меѓународно пријатели се тука за побезбеден и подобар живот на граѓаните, рече Османи.

Тој потенцираше дека покрај Договорот од Преспа, Македонија работи и на исполнување на критериумите за членство и на итните реформски приоритети за да може да ги имаме најдобрите аргументи во јуни 2019 година на Самитот за да започнеме со преговори. 

- Република Македонија го заслужува тоа, граѓаните го заслужуваат тоа за најбрзо да станеме членка на ЕУ и се разбира 30 септември е добар симбол за 30 членка на НАТО, истакна вицепремиерот Османи.  

Според шефот на дипломатијата на Луксембург референдумот е за иднината на државата. Влезот на Македонија во ЕУ беше блокиран, додаде тој, а дури во 2018 година земјата најде начин за решение за долгогодишниот спор за името и оти сега вратата на НАТО и ЕУ се отворени.   

- Не станува збор за името, туку мислам дека станува збор за односот на ЕУ кон овој регион. Сега вратата е отворена во НАТО, во ЕУ и јасно е дека двете страни мора да ги почитуваат условите, но мислам дека можете да го сторите тоа и со задоволство ќе ви помогнеме. Сега сме на една критична точка. На 30 септември следува референдумот, и ако смеам да кажам како европеец ова е референдум за иднината или, пак, за минатото. И мислам дека и другите земји во регионот се надеваат на позитивен исход, рече Аселборн.     

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Луксембург кажа дека предолгото чекање на Македонија за влез во Унијата не е политичка грешка на Брисел. 

- Не е само политичка грешка на Брисел, тоа не може да се каже, мислам дека делумно тоа се должи на тоа што некогаш чекаме, а чекаме без да се мешаме. Сега мислам дека моравме да се замешаме кога станува збор за вашата држава, затоа што постои решение за ситуацијата што беше блокирана, рече Аселборн.

Како држава, вашиот народ, вашата Влада, Парламентот, вели министерот за надворешни работи на Луксембург, мора да реши, но решението е на вас.

- Ако премногу размислуваме за минатото, нема да дојдеме до решение. Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината и без согласност на народот не може да се дојде до решение, затоа овој предизвик на 30 септември е толку важен и како што кажав тој е избор на иднината за вашата држава, рече тој. 

Аселборн додаде дека македонските гласачи  ја знаат својата одговорност, истовремено сметам дека тука не смее да има мешање од Брисел или, пак, од Луксембург. ев/ сд/ 12:57

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ