• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кукан: ЕПП го охрабрува ВМРО-ДПМНЕ да не повика на бојкот

Кукан: ЕПП го охрабрува ВМРО-ДПМНЕ да не повика на бојкот

Брисел, 11 септември 2018 (МИА) - Европратеникот од Европската народна партија (ЕПП), Едуард Кукан, во интервју за МИА вели дека европското демохристијанско семејство на ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ да го убеди лидерството на партијата да ги повика членовите да гласаат на референдумот. Кукан верува дека „одговорноста“ ќе преовладее кај неговите македонски сопартијци, јави дописничката на МИА од Брисел.

- Од лидерството на ЕПП се обидуваме да ја убедиме нашата сестринска партија дека е во интерес на земјата и дека треба да има одговорни политички сили во земјата, дека е прашање со долгорочни импликации, да донесат одлука што ќе го обврзе членството да учествува. Но засега ни велат дека нема формална одлука, вели Кукан за МИА.

Европратеникот Кукан објаснува дека ВМРО е во „тежок развоен период“ по единаесет години власт.

- Партијата не е обединета по ова прашање. Слушнав дека Антонио Милошоски, на пример, води кампања за бојкот, така што сето ова делумно е рефлексија на состојбата во која се наоѓа партијата. Лош тајминг за партијата е што вака важно прашање треба да се решава и мислам дека ќе бидат свесни за нивната одговорност. Наместо да ги обесхрабруваме, се обидуваме позитивно да ги охрабриме да одат и да гласаат, додава тој.

Што се однесува до Грција, каде што сестринската партија на ЕПП исто така се противи на договорот, Кукан вели дека таму „Сириза има мнозинство да го одобри договорот“ и дека „тоа е најважно“.

Кукан вели дека лично го поддржува договорот, но она што е важно за ЕПП е граѓаните да го искористат своето право на глас и да не бојкотираат.

- Без да бидам патетичен, патриотска должност на сите луѓе во Македонија е да учествуваат и со тоа да го изразат своето мислење за идниот развој на земјата. Ве молам, излезете и гласајте, им порачува Кукан на македонските граѓани.

Според него, нема простор за дилема околу тоа дали навистина ќе се случи членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ доколку помине референдумот.

- Има многу официјални изјави на високи претставници на ЕУ и на НАТО, кои се јасни пораки, јасни обврски дека тоа ќе се случи во случај на позитивен исход на референдумот. Сега е потребно да се излезе на гласање, изјави Кукан за МИА.

На прашањето што ако не помине референдумот за името, Кукан вели дека не сака воопшто да помисли на такво сценарио и дека “нема план Б“. тм/ац/16:30

МИА интервјуто со европратеникот Едуард Кукан целосно ќе го објави утре

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...