Од верските календари

Од верските календари

30 март 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 март.

Денеска е Преподобен Алексиј човек Божји.

Овој светител потекнуваше од римско благородничко семејство. Од малечок го имаше засакано Бога со целото срце и со целиот ум. Кога порасна родителите го оженија против неговата волја. Уште првата ноќ тој го напушти домот и жената и се насели како просјак во градот Едеса во Ме-сопотамија. Таму проживеа 17 години. Кога луѓето ги открија неговите добродетели, за да ги избегне почестите, се качи на брод за Лаодикија. Но, ветрот го одведе бродот близу Рим. Свети Алексиј дојде во домот на родителите, кои му дадоа да живее во една шупа близу куќата, бидејќи не го беа познале. Таму Алексиј проживеа уште 17 години и мирно се упокои. Кога го открија телото, родителите во неговата рака најдоа едно ливче од кое дознаа дека тоа е нивниот син Алексиј. Тој беше толку близок до Бога, што продолжи да чудотвори и по неговата телесна смрт.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Велики Петок.

На денешен ден, пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите. Со својата смрт на Крстот, Исус покажа совршена послушност кон својот Татко, а кон нас луѓето, со тој чин покажа голема љубов. По гревот на Адам човекот бил оддалечен од Господ, својот Создавач и ја изгубил можноста да живее вечен живот со Господ во рајот. Христос како Нов Адам и жртва на Крстот, како Глава на човештвото, повторно ги привлече луѓето кон Господ и им стекна вечен живот. Светото писмо во сите четири евангелија зборува за Спасителската мака и Исусовото трпение на Крстот, за нашето спасение. Со жртвувањето на Крстот, Исус ни покажува дека не сака. Да му возвратиме и ние со љубов, живеејќи според Божјите заповеди, не навредувајќи го никогаш повеќе со своите гревови.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...