• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

5 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 март.

Денеска е Велики Четврток.

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св.Јосип Москати.

Бил роден во 1880 година во Италија во христијанско семејство. Кога завршил основно и средно училиште се запишал на Медицинскиот факултет во Неапол. Во 1903 година станал доктор на медицина и работел во болницата Санта Марија дел Пополо. Тој бил хуман и се грижел за болните луѓе. На 4 април 1906 година кога се случила ерупција на вулканот Везув, свети Јосип се грижел за населението на Торе дел Греко каде имало една болница. Москати организирал спасување на болните луѓе. Во 1911 година кога се појавила епидемија на колера, Москати ја покажал својата пожртвуваност. Умрел во 1927 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ