• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

6 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 март.

Денеска е Велики Петок.

Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу лу¬ѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Мартин Први.

Тој со црквата Господова управувал од 649 до 656 година. Бил роден во Умбрија. Во 649 година бил избран за папа и го повикал соборот на кој бил осуден монотелитизмот (погрешното учење кое вели дека во Христос е само една волја). На соборот, во исповедувањето на верата и во дваесетте канони било развиено учењето за две волји во Исус Христос, божествената и човечката. Под влијание на кривоверците во 653 година, царот Константин го одвел свети Мартин во Цариград. Поради големите измачувања тој умрел во 656 година. Свети Мартин го прославува и Католичката и православната црква.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ