• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

15 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 април.

Денеска е Преподобен Тит Чудотворец.

Историската сцена на која се појавува свети Тит е осмиот век во Византија. Византискиот осми век е речиси во целост одбележан од иконоборечката криза. Се случува многумина од имераторите да застанат во заштита на ереста на иконоборството, а исповедниците на православното учење во поглед на почитувањето на иконите биле и по неколку пати прогонувани во најоддалечените краишта на имеријата, како што се менувале царевите. Во овој период православието се чувало меѓу манастирските ѕидини така што повеќето негови заштитници се од редот на монасите. Во оваа општа слика се вклопува и свети Тит кој уште од млади години се повлекол од светот, многу се подвизувал и достигнал таква срдечна чистота што бил удостоен со дар да чудотвори.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословен Дамјан Девустер.

Бил роден во 1840 година во Тремоли, Белгија. Бил воспитан во верски и морален дух. Заедно со неговиот брат и сестра одлучил да стапи во духовниот сталеж. Во 1864 година, Дамјан станал свештеник. Во 1873 година отишол во Молокај, на брегот на кој имало луѓе болни од чума. Со себе го земал само свештеничкиот молитвеник наречен Бревијар и мисијскиот крст. На своите родители им напишал „Молете се за мене. Не бидете вознемирени поради мене бидејќи кога му служи на Господ, човек е среќен“. По 16 години работење Дамјан се разболел и умрел во 1889 година. Пред смртта изјавил „Среќен одам кон својот гроб. Среќен и задоволен што се жртвував за браќата болни од чума“.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ