Од верските календари

Од верските календари

18 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 април.

Денеска е Св. маченици Агатопод и Теодул.

Во времето на императорот Диоклецијан свети Агатопод беше ѓакон, а свети Теодул отец во Солунската црква. Првиов веќе беше во поодмината возраст. Кога започнаа прогоните, овие двајца беа изведени на суд и како и многумина други низ целото царство беа осудени на смрт само поради името христијанин. Откако поминаа некое време в затвор, Агатопод и Теодул беа изведени и фрлени в море со големи камења око¬лу вратот. Нивните тела, кои подоцна испливаа на морската површи¬на, ги прибраа локалните христијани и чесно ги погребаа. Свети Агатопод и Теодул пострадаа за Христа во 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Марија од втелотворување.

Била родена во 1566 година, во Париз. На 16-годишна возраст чувствувала дека Господ ја повикува во редовнички живот. Но, според планот на нејзините родители, на 30-годишна возраст се омажила и била примерна жена и мајка. Учела како светоста може да се постигнува и надвор од манастирот. Во тоа и помогнал свети Фрањо Салешки. Во 1613 година нејзиниот сопруг се разболел. Кога тој умрел, Марија се тешела со Господовото просветлување кое ја спасило, а потоа веднаш стапила во кармеличанскиот ред. Умрела во 1618 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ