• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

20 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 април.

Денеска е Преподобен Георгиј Мелитински.

Преподобниот Григориј беше уште едно од светилата што застанаа во одбрана на почитувањето на иконите за време на царувањето на Лав Ерменецот. Тој ја поднесе истата судбина како и останатите негови едномисленици, односно заради отвореното противење на еретичката волја на императорот беше отстранет од својата епископска катедра во градот Мелетина и протеран на Херсонез, каде и го заврши својот земен живот. Тоа се случи во 816 години.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Агнеза од Монтепулциано.

Света Агнеза е родена во местото Грачиана Векио во Италија во втората половина на дванаесеттиот век. Во младоста, таа се одлучила да живее свештенички живот. Умрела во 1317 година. Света Катериба Сијенска, голема мистичарка во 1377 година, заминала во Монтепулциано да им оддаде почит на реликвиите на света Агнеза. Таа ја нарекла : "наша мајка, славна Агнеза" и ги повикала луѓето да ја наследат, бидејќи таа била "пример на вистинска покорност".

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ