Од верските календари

Од верските календари

21 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 април.

Денеска е Св. апостоли Иродион, Флегонт, Ермо и други.

Покрај дванаесетте апостоли, Христос испрати и други седумдесетмина да ја проповедаат радосната вест за ослободувањето на човекот од неговата гревовна приврзаност кон земната прав. Меѓу тие 70-мина беа и апостолите што Црквата ги слави на денешен ден. Иродион му беше роднина на апостол Павле. Тој и го спомнува него во едно од своите посланија. Иродион настрада од Евреите. Флегонт беше епископ во гра¬дот Маратон во Тракија, а Ермо во Далмација. Покрај овие, денеска се слават и апостолите Руф, Агав и Асинкрит.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Анзелмо.

Свети Анзелмо е роден во 1033 година во градот Аоста, во северниот дел на Италија. Живеел монашки живот и се одлучил да стапи во бенедиктинскиот ред. Напишал многу дела, меѓу кои најпознати се "Монологион" или Пример за размислувањето за верата, како и "Прослогион" или Верување кое бара разумно оправдување. Поради големата способност и светост станал надбискуп во местото Кантербуриј. Како надбискуп се борел против мешањето на англиските кралеви во внатрешните работи на црквата. Умрел во Кантербуриј, во 1109 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...