Од верските календари

Од верските календари

26 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 aприл.

Денеска е Св. свештеномаченик Артемон.

Свети Артемон пострадал за време на прогоните од страна на императорот Диоклецијан. Живеел во Лаодикија, а оттаму под стража бил одведен во Палестинска Кесарија, како христијанин и свештеник. Но, во Кесарија се ослободил од затворот на чудесен начин и се повлекол во некое осамено место во Мала Азија, не прекинувајќи го својот добродетелен живот, ниту проповедта на животоносниот збор. Заради привлекувањето на многу пагани кон верата во Христос тој бил повторно затворен и погубен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марија на добриот совет.

Ако Марија во надприродниот ред е нашата духовна мајка, тогаш нема ништо поприродно ако побараме совет за нашите потреби. На својот животен пат, почнувајќи од апостолите во црквата, треба да и се помолиме и на Мајката Божја - Мајката на добриот совет. Тоа можеме да го направиме во секоја нејзина црква, пред секоја нејзина слика, во секој час. Никогаш нема да биде залуден обидот, ако на Мајката Божја и се обратиме за совет.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...