Од верските календари

Од верските календари

28 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 aприл.

Денеска е Св. апостол Аристарх.

На своето второ патување апостол Павле за првпат дошол во Солун. Таму останал три недели, проповедувајќи го Христос во еврејската синагога. Меѓу слушателите, што поверувале во Павловите зборови бил и подоцнежниот постојан сопатник на Павле и апостол - Аристарх. Овој Солунец е спомнат заедно до Павле на неколку места во Новиот завет: во Ефес и Рим. Подоцна тој бил епископ во сирискиот град Апамеја, а пострадал маченички, т.е. бил обезглавен за време на владеењето на императорот Нерон (54-68).


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Петар Чанел.

Бил роден во Франција, во 1803 година. Кога станал свештеник, во 1836 година отпатувал во Океанија за да ја шири Христовата радосна вест. Со радост ги извршувал своите свештеничките работи, им помагал на сиромашните и проповедувал. Ги сакал сите луѓе, а во врска со тоа на своите пријатели им рекол: "Во напорната мисија треба да бидеме свети". Пред да умре рекол: "Не е важно дали јас ќе умрам, Христос останува на својот брег и со мојата смрт нема да исчезне". Бил убиен во 1841 година на брегот Футуна, во Океанија.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...