• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

30 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 aприл.

Денеска е Св. свештеномаченик Симеон.

Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани. Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа да се одржи за да може до крајот да ги охрабрува останатите. Тој и многумина други пострадаа во 341 или 344 година.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Пио Петти.

Бил роден во близина на Александрија, во Италија, во 1504 година. Како млад го почувствувал Божјиот повик и стапил во редот на доминиканците. Предавал теологија, станал бискуп, потоа кардинал, а во 1566 година бил избран за папа. Во својот понтификат го продолжил обновувањето на црквата која ја започнал Тридентскиот собор. Ги подржувал мисионерите кои патувале во далечните земји, најавувајќи ја Христовата Радосна вест. Папата Пио Петти умрел во 1572 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ