• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

29 април 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 aприл.

Денеска е Св. маченички Агапија, Ирина и Хиона.

Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан наредил духовниот старец Хрисогон да биде погубен. Откако го погубија овој, некој Зоил му ги најде моштите и ги пазеше кај себе. По некое време, светиот Хрисогон му се јави на Зоил и му откри дека ќе пострада по девет денови, заедно со три сестри Агапија, Ирина и Хиона. Тие беа затворени, мачени и погубени.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Катарина Сиенска.

Била родена во 1347 година, во Сиена. На шестгодишна возраст и се прикажал Исус. Одлучила да стане милосрдна сестра во редот на Свети Доминик. Се грижела за болните луѓе и им помагала на сиромашните. Со својот свет живот ги потикнувала грешниците на покор. Во 1347 година им помагала на луѓето кои биле заразени од чума. Неколку години пред да умре, на рацете , нозете и градите и се појавиле Исусови рани. Таа започнала уште пожестоко да се моли за спасување на луѓето. Умрела во Рим, во 1380 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ