• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

1 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 aприл.

Денеска е Преподобен Јован.

Животот на преподобен Јован е тесно поврзан со животите на двајца духовници од осмиот и деветтиот век, Григориј Декаполит и Јосиф Химнограф. Првиот му бил учител во монашкиот подвиг на преподобен Јован. Во името на царот Лав Ерменецот, иконоборец, тој ја дели заедничката судбина со сите заштитници на почитувањето на иконите. По смртта на неговиот духовник Григориј Декаполит, Јован станува игумен во истиот манастир. Се упокоил во 820 година. .

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јосип Работник.

Овој празник го вовел папата Пио Дванаесетти. Со својата работа, човекот е во служба на другите луѓе. Затоа земјоделците и работниците, трговците, учителите и свештениците, чиновниците, па и министрите мораат да бидат во служба на други луѓе и така да го исполнат законот на љубовта. Во текот на работата соработуваме со Господ. Исус од Назарет најголем дел од својот живот го поминал работејќи заедно со свети Јосип.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...