Од верските календари

Од верските календари

5 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 aприл.

Денеска е Преподобен Теодор Сикеот.

Овој Теодор ја одбележи монашката историја на своето време. За него со право е речено дека неговиот подвиг го надминуваше подвигот на сите живи аскети од неговото време. Живееше во шестиот и седмиот век. Го нарекоа Сикеот зашто потекнуваше селото Сикеа, во малоазиска Галатија. Во неговиот дом живееше еден старец, Стефан, од кого Теодор се научи уште како десетгодишно момче на строг пост и ноќно бдеење. Потоа, природно, подвигот го продолжи во манастир, а подоцна беше избран за епископ на градот Анастасиопол. По 11 години тој повторно се повлече во манастир, каде и го заврши земниот живот. Во текот на животот беше познат како молитвеник и исцелител.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Готард.

Бил роден во 1960 година, во Рикерсдорф. Кога станал бискуп и им помагал на сиромашните и болните луѓе. Ги посетувал во нивните домови. Во бискупијата изградил неколку цркви. Умрел во 1038 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ