• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

15 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај.

Денеска е Св. Атанасиј Велики.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Изидор.

Бил роден во 1080 година, во Мадрид. Бил земјоделец и работел на полиња. Се оженил со една побожна девојка. Во Мадрид бил вработен кај Иван де Варгас во кој стекнал доверба. Господ сакал да го прослави, а анѓелите биле со него додека тој орал. Тој постојано работел на нивите и се молел. Неговиот господар се уверил дека Изидор работи и затоа уште повеќе го почитувал. Свети Изидор е пример на молитва и работа. Умрел во 1170 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ