• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

18 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај.

Денеска е Св. великомаченичка Ирина.

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле. Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа. Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Феликс.

Свети Феликс го слави црквата во Сплит и Солин. Поради верувањето во Христос, за време на владеењето на царот Диоклецијан бил измачуван. По примерот на солинските, истарските и сремските маченици, многумина во текот на 2000-ната историја на црквата, учеле за верноста кон верата се до смртта.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 7 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 19 часот и 56 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ