• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

20 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај.

Денеска е Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим.

Денес се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес. Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бернардин Сијенски.

Бил роден во 1380 година, во Сиена. Се запишал во сеучилиштето во Сиена. Како студент, поради големите способности им помагал на луѓето кои биле болни од чума. Кога тој се заразил од чумата, почнал сериозно да размислува за животот. Господ му помогнал и тој оздравел. Го продал својот имот и парите им ги дал на сиромашните. Стапил во редот на фрањевците каде бил познат како проповедник и светец. Свети Бернардин умрел во 1444 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 4 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 19 часот и 58 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ