Од верските календари

Од верските календари

21 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 мај.

Денеска е Св. апостол и евангелист Јован.

Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Еуген Мазенод.

Бил роден во 1782 година, во Франција. Младоста ја поминал во прогонство во Торино, Венеција, Неапол и Палермо. Кога се вратил во Франција, во 1802 година се запишал на теолошки науки. Во 1811 година станал свештеник. Основал установа за христијанско воспитување на младите. Им помагал на сиромашните. Во 1837 година, бил избран за бискуп во Марсеј. Умрел во 1861 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 2 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 19 часот и 59 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ