Од верските календари

Од верските календари

22 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 мај.

Денеска е Св. пророк Исаиј.

Свети пророк Исаија живеел и пророкувал 700-ни години пред Христа. Но, и покрај тоа, поради неговите јасни пророштва за Христовите страдања кои тој ги гледаше како да му се случуваат пред очи црквата го нарече петтиот евангелист. Потекнувал од царски род. Се родил во Ерусалим, а татко му се викал Амос. Имајќи голема благодат во себе, тој се удостои да го види Господа опкружен со шестокрили серафими, кои непрестано пеат: свет, свет, свет е Господ Саваот. Пророкувал многу нешта на поединци и на цели народи, но најважни му се пророштвата за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на пресветата Дева, за Јован Претеча и, како што рековме, за самиот Христос. Убиен е од своите сонародници, Евреите, надвор од ѕидините на Ерусалим.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Рита.

Била родена во 1381 година, во Ракапорена, во близина на Перуџа. Во куќата во која живеела, имала соба за молитви. Се омажила и имала две деца. Доколку сакала да оди во црква, морала да побара дозвола од својот сопруг. Тој бил убиен, а две години по неговата смрт умреле и нејзините две деца. Света Рита одлучила да оди во манастирот на сестрите на света Магдалена. Размислувала за Исусовите маки. Умрела во 1447 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 1 минута, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ