• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

28 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 мај.

Денеска е Слегување на Св.Дух - Духовден (втор ден).

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи. На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква. На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака. На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква. Затоа овој ден е наречен Роденденот на Христовата Црква.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Марија Бартоломеја Бањези.

Била родена во 1514 година, во Фиренца. Слободното време го поминувала молејќи се. Тешко се разболела и останала неподвижна. Сите и се воодушевувале на нејзината храброст. Во 1547 година, и било дозволено да стапи во редот на доминиканските сестри, но и натаму да остане во својот дом, во кој ќе се моли и духовно ќе разговара со посетителите. Умрела во 1577 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 53 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  6 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ