• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

31 мај 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 мај.

Денеска е Св. Теодот Анкирски.

Свети Теодор живееше во времето на римскиот цар Диоклецијан, во градот Анкира. Таму држеше меана, што ја користеше за да им помага на христијаните, што се криеја во околните планини и пусти места. Во една прилика кога беше излезен до едно езеро во близина на градот, со цел да ги прибере телата на седум маченички - Тегуса, Александра, Клаудија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија, и чесно да ги погребе, беше предаден од еден свој пријател како христијанин (во тоа време хрстијаните беа гонети и погубувани само поради името христијани). Свети Теодор пострада маченички од рацете на џелатот во 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Празник на телото и крвта Христова.

Неколку часови пред да биде осуден и измачуван, Исус Христос мислел не само на своите ученици, туку и на своите пријатели во далечната иднина. Тој нам ни го остави своето тело и својата крв во Пресветата Еухаристија. На последната вечера, земал леб и вино и со помош на божествената моќ ја претворил во свое тело и своја крв. Тогаш им се обратил на апостолите и на сите свои пријатели во далечната иднина со зборовите: Јас ве оставам, умирам за гревовите на светот, но останувам со вас до крајот на светот.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 50 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  8 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...