Од верските календари

Од верските календари

1 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 мај.

Денеска е свештеномаченик Патрикиј.

Свети Патрикиј беше епископ на Бруса. Тој заедно со тројца презвитери -Акакиј, Менандар и Полиен, пострада за христијанската вера за време на владеењето на римскиот цар Јулијан Отстапник, кој имаше намера да го поврати лажниот сјај на паганските култови. Сите овие беа доведени пред врела вода и царскиот намесник од нив бараше јавно да се откажат од Христа. Но, откако цврсто ја исповедаа верата во едниот Бог, на сите им беа отсечени главите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јустин.

Бил роден во вториот век, во Самарија. Ја проучувал филозофијата. Одлучил да стане христијанин. Како филозоф патувал и го ширел Христовото учење. Во своите записи му се обраќал на царот Марко Аурелиј, кој бил филозоф, и му докажувал дека христијанската вера е единствената вистинска филозофија. Поради тоа, бил изведен пред царскиот суд. Бил осуден на смрт. Свети Јустин и неговите ученици му се молеле на Господ и неговиот син, Исус Христос. Поради тоа, им биле отсечени главите. Свети Јустин бил битен сведок во најраното христијанско време.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 49 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  9 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...