Од верските календари

Од верските календари

4 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 мај.

Денеска е Св.маченик Василиск.

Овој Василиск му беше роднина на свети Теодор Тирон. Како христијанин беше затворен и ставен на маки заедно со уште двајца христијани, Евтропиј и Клеоник. Двајцава беа распнати на крст, а Василиск повторно вратен во келијата. Кога се смени упавникот на град Амасија, Василиск повторно беше изведен од затворот и обезглавен. Подоцна врз моштите на светителот во местото Комани беше подигната црква во која многу болни се исцелуваа. А свети Василиск пострада во почетокот на четвртиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Квирин.

Тој бил бискуп. Најстариот извештај за мачеништвото на свети Квирин говори дека за време на Диоклецијановите прогонства, бил фатен. Од него барале да се жртвува за паганските богови, што значело да се откаже од верата. Знаел дека поради тоа ќе биде измачуван и затоа останал одлучен. Бил осуден на смрт и фрлен во реката Сава. Верувајќи во вечниот живот, свети Квирин се присетувал на Христовите аборови: "Не плашете се од оној кој може да го убие телото. Плашете се од оној кој може и телото и душата да ги фрли во пеколот".

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 46 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  11 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...