Од верските календари

Од верските календари

5 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 мај.

Денеска е Преподобен Михаил Синадски.

Во црквата името преподобни обично го носат монаси што станале преподобни на Христа во неговата љубов и смирението. Овој денешен светител е еден од тие монаси. Патријархот Тарасиј ќе го забележи животот на монахот Михаил и ќе го постави за епископ Синадски. Учествувал на Седмиот вселенски собор, а во времето на иконоборството како речиси сите правоверни епископи беше симнат од епископската катедра и прогонет. Во прогонство и се упокои во 818 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бонифациј.

Бил роден во Англија. Во 716 година, го проповедал Евангелието меѓу Германите. Тогаш кралот Гргур Втори му дозволил да биде мисионер меѓу Германите. Свети Бонифациј во Германија основал манастири. Својата верност кон Христос ја потврдил со маченичката смрт во 754 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 45 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  12 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...