• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

6 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 мај.

Денеска е Преподобен Симеон Дивногорски.

Свети Симеон се роди во Антиохија во 522 година. Рано остана без татко, а рано и го започна својот подвижнички живот од својата шеста година го воспитуваше некој духовник пустиножител Јован. По некое време започна со подвиг на столпништво, а во последните години од животот се повлече на гората наречена Прекрасна. Неговите големи подвизи толку го доближија до Бога, што Симеон имаше добиени големи духовни дарови исцелуваше луѓе, скротуваше ѕверови, проѕираше во далечните краишта на земјата, како и во срцата на луѓето. Откако добро му послужи на Бога, се упокои во мир во 596 година, а во својата 75. година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Норберт.

Бил роден во 1085 година, во Холандија. Стапил во манастирот Свети Бенедикт, во Сиегсбург. Желбата за совршенство и објаснувањето на вечните, од Господ објавени вистини, го довеле до совршенство. Бил голем проповедник. Бил избран за надбискуп во Магдебирг. Свети Норберт умрел во 1134 година.

OД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 45 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  13 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ