• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари - 7 јуни

Од верските календари - 7 јуни

7 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 мај.

Денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цари¬град и положена во царската придворска црква од страна на тогашниот патријарх Игнатиј.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Мат Талбот, господов слуга.

Во 1925 година, на 70-годишна возраст умрел Мат Талбот. Бил алкохоличар. На 24-годишна возраст одлучил да се откаже од пиењето алкохол. Поради напорното десетчасовно работно време, спиел само по три часови. Неговиот ден започнувал во два часот по полноќ. Се молел се до започнувањето на утринската миса, по која секогаш прв пристигнувал на работното место и совесно ја извршувал својата должност.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 44 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  13 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ