• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

8 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 мај.

Денеска е Св. апостол Карп.

Овој апостол беше еден од 70-мината што Христос ги избра непосредно за свои апостоли покрај 12-те први апостоли. Неговиот живот беше тесно врзан за апостолот Павле. Бил епископ на македонскиот град Бер, но проповедал и на островот Крит. Пострадал од Евреите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Медард.

Роден е во местото Вермандоису, во француската покраина Сент Куентин. Од својата најрана возраст сакал да стане свештеник. Уште пред да се одлучи да живее свештенички живот, во младоста имал способност за претскажување, така што на својот соученик Елеутериј му рекол дека на 30-годишна возраст ќе стане бискуп во местото Тоурнаиј. Тоа и се случило. Откако станал свештеник, Медард им помагал на луѓето. Подоцна станал и бискуп и во таа служба останал 15 години, се до својата смрт во 560 година. Според една легенда, доколку на неговиот празник врне дожд, постои верување дека во следните 40 денови времето ќе биде врнежливо.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 43 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  14 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ