• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

9 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 мај.

Денеска е Св. свештеномаченик Терапонт.

Во времето на своето страдање, во третиот век, Терапонт беше епископ на малоазискиот град Сард, некогашна престолнина на областа Лидија. Неколку години по страшниот прогон на Декиј, што се случуваше во средината на третиот век, императорот Валеријан ги обнови прогоните, издавајќи два едикта против христијаните. Едниот од нив беше насочен против првенците на црквата, т.е. против свештенството. Свети Терапонт до тогашното време се беше истакнал како одличен духовен раководител во својата црква, па како таков беше затворен, воден во окови до неколку градови во Мала Азија, мачен со глад и жед, камшикуван, а по сите тие страдања, поради цврстината на својата вера, најпосле беше обезглавен во 259 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Ефрем Ширак.

Тој бил значаен писател во сириската црква. Го нарекувале "харфа на Светиот Дух", бидејќи пишувал за Светиот Дух. Во 1920 година, црквата го прогласила за црковен учител. Бил роден во 306 година, во Нисибиси. Уште како млад се одлучил за духовниот сталеж. Се борел против кривоверството кое го ширел Ариј. Ариевото кривоверство за Исус Христос го побивал со Светото писмо. Бил познат по заштитата и помошта, која им ја давал на сиромашните во 373 година. Истата година, Свети Ефрем умрел.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 43 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  15 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...