Од верските календари

Од верските календари

12 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 мај.

Денеска е Преподобен Исакиј Далматски.

Овој Исакиј во четвртиот век беше монах-пустињак некаде на Истокот. Кога слушна за ереста на Ариј што го брануваше главниот град на империјата, ја остави пустината и дојде во Константинопол да учествува непосредно во борбата против аријанците. Во тоа време во Константинопол царуваше Валент. Кога овој се подигна со војска против Готите, Исакиј неколку пати го предупредуваше да ја ослободи црквата од ариевата ерес и најпосле му прорече дека ќе погине во борбите, што и се случи. А кога на тронот дојде Теодосиј Велики, кој слушна за ова пророштво, го повика при себе Исакиј и му се поклони. Во Цариград некој велможа му изгради манастир на Иса¬киј, каде светителот се подвизуваше до крајот на животот. Пред смртта му ја предаде управата на манастирот на некој Далмат, по кого и самиот манастир беше наречен Далматски. Свети Исакиј се упокои мирно во 383 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван од Факунда.

Се родил во 1430 година во шпанската покраина Леон. Своето школување го завршил во шпанскиот град Саламанка. Сериозно се подготвувал за свештенички живот и за проповедничка служба. Станал познат како светец и како проповедник на Господовите зборови. Како голем миротворец, со своите проповеди се обидувал да ги смири несогласувањата меѓу луѓето во Саламанка. Покрај тоа, им помагал на болните луѓе и на сиромашните. Свети Иван умрел во 1479 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 41 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  16 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ