Од верските календари

Од верските календари

13 јуни 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 мај.

Денеска е Св. апостол Ерма.

Свети Ерма е еден од 70-те Христови апостоли. По род бил Грк, а долго живеел во Рим. Го спомнува апостол Павле во Посланието до Римјаните. За неговиот живот добиваме некои податоци и од неговата книга Пастир, која е зачувана до денес. Прво бил богат човек, но поради своите и гревовите на своите синови попаднал во сиромаштија, што го навело да го промени умот и да постави нов темел во својот живот. Бил епископ на Филиопол (денес Пловдив), а животот го завршил маченички.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Антун Падовански.

Бил роден во Лисабон, во 1195 година. Го оставил грофовскиот дом и станал свештеник. Тргнал на пат за Африка. Поради "лошите" временски услови, тој со својот брод застанал на брегот на Италија. Се засолнил во еден манастир во Падова. Станал познат проповедник. Умрел во 1231 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 41 минути, додека времето на ифтар (кога завршува постот) е во 20 часот и  17 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ