Од верските календари

Од верските календари

1 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јуни.

Денеска е Св. маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

Во времето на римскиот император Веспазијан (69-79), во Феникиската област бил испратен некој великодостојник Хадријан да се вклучи во тамошната управа. Штом пристигнал таму, дознал дека во градот Триполис, близу планината Ливан, се наоѓа некој војсководец Леонтиј, кој ги презира нивните богови и многумина обраќа во христијанство. Адријан веднаш го испратил трибунот Ипатиј со воена придружба, да го затворат Леонтиј. Но, додека патувале, Ипатиј и Теодул, еден од неговите придружници, поверувале во Христа и кога стигнале во Триполис примиле крштение. А кога и самиот Адријан пристигнал во градот да му суди на Леонтиј го нашол и својот трибун како христијанин. Како христијани Адријан ги затворил, ги мачел и најпосле ги погубил светите Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Муцијан.

Бил роден во 1841 година, во Мелт, во Белгија. Се одлучил да му се посвети на духовниот живот во служба на луѓето. Бил член на дружината на Браќата на христијанските училишта. Тој ги советувал децата во повеќе установи во Белгија. Луѓето го нарекувале "брат кој секогаш се моли". Свети Муцијан умрел во 1917 година. 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...