Од верските календари

Од верските календари

5 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски.

Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област. Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умре од раната што му ја нанесе една жена аријанка.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Славенски апостоли св. Кирил и Методиј.

Живееле во деветтиот век. Биле родени во Солун. На повик на кнезот Ратислав ја ширеле верата во Моравија. Искоренувајќи ги поганските заблуди, тие го натерале народот да се откаже од паганските обичаи. Литургиските книги напишани според глаголското писмо, тие ги превеле на старословенски јазик. Свети Кирил умрел во Рим во 869 година, а Методиј станал бискуп. Отишол во Панонија и започнал да го проповедува Евангелието. Свети Методиј умрел во 885 година во Велеград.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ