• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

6 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јуни.

Денеска е Св. маченичка Агрипина.

Света Агрипина потекнуваше од Рим. Таму беше пораснала и уште многу млада целосно му се посвети на служење на Бога. Како христијанка беше мачена и пострада за време на владеењето на Валеријан (253-260). По нејзината смрт три жени, некои христијанки Васа, Павла и Агатоникија го зедоа телото на маченичката и го однесоа на Сицилија, каде Бог даде преку моштите на света Агрипина да добијат исцелување многу луѓе што им приоѓаа со вера во нејзиниот небесен младоженец Христос.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марија Горети.

Била родена во 1890 година, Кориналдија, во Италија. На 12-годишна возраст маченички била убиена. Убиецот бил осуден на казна затвор од 30 години. Кога маченичката Марија му се појавила на сон, тој се покајал за злосторството што го направил. Кога излегол од затвор ја молел нејзината мајка да му прости. Поради верувањето во Господ, таа му простила. Во текот на прогласувањето на Марија Горети за светица, тој бил главен сведок дека маченичката Марија била света.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ