• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

9 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јуни.

Денеска е Преподобен Давид Солунски.

Овој подвижник по потекло солунец живееше во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започна близу Солун, каде подигна колипка под едно бадемово дрво па живееше во неа. Потоа се подвижуваше во Тесалија. Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усоврши во Бога што во една пригода можеше да стави жар во дланката за да го окади царот, без тоа да му наштети. Се упокои во 540 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. горкумски маченици.

Верските несогласувања во шеснаесеттиот век предизвикале големи крвопролевања. Во 1572 година, фрањевците Вилехад од Данска и доминиканецот Иван Хер и 17 други маченици биле погубени од страна на кривоверците Геуси. Тие биле измачувани поради нивната католичка припадност. Но, тие останале истрајни во својата вера и припадност кон католичката црква.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ