Од верските календари

Од верските календари

10 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јуни.

Денеска е Св. Сампсон Странопримец.

Свети Сампсон по потекло беше римјанин, а по занимање лекар, од оние што црквата ги нарекува бесребреници, т.е. што лекуваат без земна плата и со Божјата сила, освен со помош на лекарската вештина. Тој подоцна од Рим се пресели во Цариград. А таму неговите добродетели набргу ги забележа патријархот, па го ракоположи за свештеник. Кога императорот Јустинијан боледуваше од некој неизлечива болест, беше повикан светиот Сампсон, кој го излечи со допир со раката. Како благодарност Јустинијан подигна сиропиталиште во кое Сампсон постојано им служеше на бедните. Овој свет маж се упокои во мир во 530 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословени маченици од Дамаск.

Во историјата на христијанството градот Дамаск бил познат по тоа што пред неговите врати се обратил најголемиот мисионер на сите времиња, свети Павле. Во 1860 година во градот фанатиците уништиле 2.400 куќи и ограбиле и убиле 6.000 христијани. Меѓу луѓето имало 30 свештеници и тројца бискупи.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ