• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

11 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јуни.

Денеска е Пренесување на моштите на св. бесребреници и чудотворци Кир и Јоан.

Споменот на овие двајца светители се слави на 31 јануари (стар, јулијански календар). А во 412 година, свети Кирил Александриски ги пренесе нивните мошти од Канопос во Манутин, тогаш незнабожечки град. Откако ги смести нивните мошти во црквата што им беше ним посветена во градот се случија многу исцелувања. Така, преку сведоштвото на овие двајца бесребреници, на кои и по нивната смрт Господ им даде сила да лечат секакви болести, во Манутин полека-полека се утврдуваше верата во Христа.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бенедикт.

Бил роден во 480 година во Марсиј, во Италија. На 14-годишна возраст одлучил да се повлече во самотија и започнал да живее пустински живот во Сабиак каде изградил неколку манастири. Подоцна со својата заедница од монаси се преселил во Монте Касино. Со мотото: „Моли се и работи", бенедиктинците ја спасиле културата на христијанскиот Запад. Тие биле први учители на народот. Свети Бенедикт умрел во 543 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ