Од верските календари

Од верските календари

12 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јуни.

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле - Петровден.

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван Гуалберто.

Бил роден кон крајот на десеттиот век во фирентинско семејство. Во тоа време војничкиот занает бил многу развиен. Свети Иван Гуалберто бил војник се додека не го сретнал убиецот на својот брат кој побарал прошка од него. Свети Иван го следел гласот на Евангелието и му простил за злосторството. Стапил во редот на свети Бенедикт. Умрел во 1073 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ