• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

14 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јули.

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благо¬дат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Камило де Лелис.

Бил роден во Италија, во 1550 година. Живеел грешен живот не водејќи сметка за Божјите заповеди и за своето спасение. Кога се подготвувала лепантската битка во која е извојувана победата над Турците, свети Камило сакал да му се придружи на тој воен поход, но бил спречен поради болест. Кога оздравел основал Дружина за негување на болните луѓе позната под името Камилијанци. Отворил болници за прифаќање и негување на болните луѓе. Бил убеден дека негувајќи ги болните луѓе, тој му служи на Исус. Умрел во 1614 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ