• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

15 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јули.

Денеска е Полагање на ризата на Богородица во Влахерна.

Црквата денес се сеќава на двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, кои живееја во петтиот век, во времето на императорот Лав Велики. Во една прилика тие тргнаа на поклоничко патување по Палестина. Во градот Назарет ја најдоа горната облека на Пресвета Богородица, што ја чуваше некоја правоверна Еврејка. Многумина се исцелуваа само со допир до облеката. Галвиј и Кандид ја зедоа ризата на Богородица и ја донесоа во Цариград, каде истата со голема свеченост беше положена во Влахернската црква.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бонавентура.

Бил роден во 1218 година, во Багнореџо, во Италија. На 17-годишна возраст станал член на заедницата на свети Фрањо Асишки. Студирал во Париз заедно со свети Тома Аквински. Кога завршил филозофски и теолошки науки, во 1245 година станал свештеник. Потоа докторирал и на 27-годишна возраст станал еден од најпознатите професори во париското сеучилиште. Шеснаесет години бил генерал на својата фрањевачка заедница. Свети Бонавентура умрел во 1274 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...