Од верските календари

Од верските календари

17 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јули.

Денеска е Св. Андреј Критски.

Овој чудесен светител кој имаше голема сила на зборот се роди во Дамаск во седмиот век и до својата седма година не можеше да зборува. Проговори после едно причестување со божествените дарови. На 14-годишна возраст замина за Ерусалим и се замонаши во лаврата на свети Сава Освештени. Бргу се истакна со својот свет живот и му стана помошник на ерусалимскиот патријарх. Дури го заменуваше на Шестиот вселенски собор во 681 година. По тоа време беше назначен за архиепископ на црквата на островот Кипар, со која остана врзан сé до смртта во 712 година. Остави повеќе поетски дела. Најважен е Канонот што се чита во текот на Великиот пост.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословени сестри кармеличанки од Компиењо.

Тие 16 милосрдни сестри загинале како маченички за време на француската револуција. Кога избувнала револуцијата, тие одлучно го одбиле барањето на неверниците да се откажат од верата. Му понудиле на Господ да бидат жртви за го ублажат неговиот гнев и се молеле да божествениот мир кој на светот го донесе Божјиот Син. Сестрите Кармеличанки умреле маченички во 1794 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ