Од верските календари

Од верските календари

18 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јули.

Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски.

Овој Атанасиј се роди во Трапезунт и живееше во десеттиот век. Крстеното име му беше Аврамиј. Рано остана сирак, па за него се грижеше некој византиски великодостојник кој подоцна го испрати во Цариград на школување. Потоа Аврамиј се подвизуваше како монах (сега со името Атанасиј) најпрвин кај познатиот Михаил Малеин, а потоа на Света Гора. Околу него наскоро се собраа голем број монаси кои ја изградија лаврата Свети Атанасиј Атонски, или Великата лавра. Заради големата чистота на срцето Бог му даде на свети Атанасиј дар да чудотвори. Се упокои во 980 година. Тешко е да се зборува за животот на еден ваков подвижник.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бруно.

Бил роден во 1049 година, во Астија. Во 1080 година, папата Гргур Седми го прогласил за бискуп во Сењија. Тој му помогал на папата во борбата против мешањето на царот во внатрешните работи на црквата. Пишувал многу, па во историјата на христијанската книжевност бил познат како хагиограф, теолог, говорник и литургичар. Свети Бруно умрел во 1123 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...