• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

21 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јули.

Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и Преподобен Теофил.

Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот џелатво Кесарија Палестинска во 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Ловро од Бриндизи.

Бил роден во 1559 година, во Бриндизи, во Италија. Во 1582 година станал свештеник. Како теолог патувал низ Европа ширејќи ја пораката на Исус за спасение на сите луѓе. Напишал многу верски книги. Умрел во Лисабон, во 1619 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ