• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

22 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јули.

Денеска е Св. свешеномаченик Панкратиј.

Панкратиј живееше во времето кога Исус Христос проповедаше во Палестина. Се роди во Антиохија. Кога неговите родители слушнаа за Галилејскиот пророк се упатија во Палестина заедно со малечкиот Панкратиј. Ја почувствуваа силата на Христовите зборови, што ги слушаа лично од устата на Спасителот, и целиот дом го прими светото крштение. Подоцна апостолите петар и Павле го одредија Панкратиј за епископ на сицилискиот град Тавроменија, каде што со голема сила и чуда го проповедаше распнатиот и воскреснат Христос. За него и пострада маченички. Беше убиен со камења од јазичниците.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марија Магдалена.

Таа присуствувала на распнувањето на Исус Христос на крст, а следното утро го видела кога воскреснувал. Сликарите ја сликаат како со солзи му ги мие нозете на Исус, бидејќи била грешник која му се покорила на Господ. Како заштитничка света Марија Магдалена ја слават жените покорнички.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...