• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

1 август 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јули.

Денеска е Преподобна Макрина.

Света Макрина беше сестра на двајца познати и славни светители Василиј Велики и Григориј Ниски. Во својата младост таа беше свршена со некое момче што умре уште пред да се земат, а Макрина се заветува ни¬когаш да не стапува во брак, велејќи: не е право девојка свршена со еден свршеник да се земе со друг; според природниот закон треба да има едно сопружништво, како што има едно раѓање и една смрт. Таа тоа го правдаше уште и со верата во воскресението, не сметајќи го својот свршеник мртов, туку жив во Бога: грев е и срамота сопругата да не ја сочува верноста кога сопругот ќе и замине во некоја далечна земја. И понатаму целиот живот го помина во длабоко богомислие и подвиг. Се упокои во 379 година, набргу по упокојувањето на својот брат Василиј.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Алфонз Марија де Лигуори.

Бил роден во Неапол, во 1696 година. Го основал Конгреацијата на Пресветиот Исцелител. Проповедувал меѓу народот и го ширел христијанскиот живот. Пишувал книги за моралот, па затоа бил наречен "Татко на христијанскиот морал". На 66-годишна возраст станал бискуп во бискупијата Санта Агата деи Готи. Ја почитувал мајката Господова и во нејзина чест напишал книга која била преведена на многу светски јазици. Умрел во 1787 година. 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...