• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

7 август 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.

Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Сиксто Втори.

Бил избран за папа во 257 година. Следната година, додека во катакомбите на свети Калисто се славела светата богослужба на темелите на едиктот на царот Валеријан, војниците го убиле свети Сиксто заедно со четворица римски ѓакони во 258 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ