Од верските календари

Од верските календари

18 август 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 август.

Денеска е Св. маченик Евсигниј.

Овој светител скоро целиот свој живот го помина како војник. Војуваше за време на царевите Максимијан, Константин, а потоа и за време на неговите синови. Откако помина 60 години во војничка служба, се повлече во својот роден град Антиохија. Таму го продолжи својот благочестив живот со сета своја сила. Пострада маченички за време на императорот Јулијан Отстапник, како христијанин.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Хелена.

Таа била мајка на светиот цар Константин. Откако нејзиниот син и дал слобода на црквата, таа изградила црква во Витлеем каде бил роден Исус и во Маслиновата гора. Во Калварија каде што Исус бил распнат на крст, таа го пронашла Исусовиот крст со кој кога ќе ги допрела болните луѓе тие оздравувале. На света Хелена и се молат верниците за истрајност во верата.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ