• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

20 август 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 август.

Денеска е Преподобен маченик Дометијан.

Преподобен Дометијан се роди во времето на цар Константин Велики во Персија. Се роди во незнабожечко семејство, па како незнабожец и порасна. Во младоста се запозна со верата во Христа и се крсти. Наскоро се замонаши во еден манастир крај градот Низибија. По некое време се повлече во пустина, за таму да го продолжи подвигот. Толку се исчисти од гревот и страстите што Бог му даде дар да исцелува секакви маки и болести. Пострада за време на повампиреното паганство, кога во Рим царуваше отстапникот од црквата Јулијан. Самиот Јулијан нареди жив да го заѕидаат овој светител заедно со двајца негови ученици во пештерата во која се подвизуваа. Така пострада маченички свети Дометиј во 363 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бернард од Клерво.

Бил роден во Франција во единаесеттиот век. Отишол во манастир во Сито. Кога завршил теолошко училиште станал свештеник. За време на војните во Ерусалим, за војниците го основал редот Темплари. Пишувал теолошки книги, а папата Еуген Четврти бил негов ученик. Тој се залагал за побожност кон Светата Богородица Марија и изградил многу цркви во нејзина чест. На свети Бернард му се молат верниците за напредок во духовниот живот.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ