• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Од верските календари

Од верските календари

3 септември 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август.

Денеска е Св. маченица Васа Солунска.

Васа беше жена на некој идолски жрец, но истовремено и тајна христијанка. Таа и своите синови ги воспита во Христовиот дух. Нејзиниот маж ја намрази поради тоа и ја предаде заедно со синовите на локалниот судија. Тука беа погубени нејзините синови, а самата Васа се овенча со маченички венец на некој остров во Мраморното море. Света Васа и нејзините синови пострадаа за време на римскиот император Максимијан.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Гргур Велики.

Бил роден во Рим, во 540 година. Како млад ги вршел службите во царскиот дворец. Се одрекол од службите во градскиот перфект и живеел монашки живот во заедницата на свети Бенедикт. Подоцна станал ѓакон, а во 590 година бил избран за папа. Им помагал на сиромашните и ја ширел христијанската наука. Пишувал книги за христијанскиот морал и теологија. Свети Гргур Велики умрел во 604 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ